СООПШТЕНИЈА
![]() Скопје, 21 мај 2018 година Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваше на јавната дискусија за потребата од измени на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор. |
![]() Скопје, 17 мај 2018 година Процедурата за издавање на потврда за положен испит за административно управување е соработка помеѓу Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација на Република Македонија. Надлежност на Агенцијата е да го спроведе испитот за административно управување. Надлежност на Министерството е да ја подготви и издаде Потврдата за положен испит за административно управување. |
![]() Скопје, 17 мај 2018 година Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што само пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, во контекст на поддршка и унапредување на дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан. |
Pages
СООПШТЕНИЈА

Скопје, 07 јуни 2018 год.
МИОА со нова веб страна. Отвореноста и транспарентноста во работењето достапна за сите граѓани.
Министерството за информатичко општество и администрација од денеска со нова веб страна. Продолжувме со реализација на мерки и активности кои се однесуваат на зголемена транспарентност и отчетност во работењето.

Скопје, 06 јуни 2018 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска беше дел од GÉANT инфо денот, каде беше промовиран GÉANT како пан-Европска академска и истражувачка мрежа.
Министерот Манчевски, зборуваше за заложбите на МИОА и Владата во делот на спроведување на дигиталната агенда и соработката помеѓу бизнис заедницата, академијата и граѓанскиот сектор.

Скопје, 04 јуни 2018 година
Заменичката на Претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваа на денешната тркалезна маса на тема: „Креирање на јавните политики во перспектива на Европската Унија“, во организација на Граѓанската алијанса за транспарентност.
Pages