СООПШТЕНИЈА
![]() Скопје, 17 мај 2018 година Заклучоците од првиот Дигитален Самит, што само пред еден месец се одржа во Скопје, веќе се дел од агендата на Европската Унија, во контекст на поддршка и унапредување на дигиталната трансформација во земјите од Западен Балкан. |
![]() Во рамките на проектот "Поддршка на реформата на јавната администрација и зајакнување на капацитетите на МИОА", МИОА започна процес на развивање и на Рамка за професионални компетенции. |
![]() Скопје, 15 мај 2018 година Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се обрати на шестата Меѓународна регулаторна конференција, која што се одржува во Охрид, во организација на Агенцијата за електронски комуникации. Министерот Манчевски се осврна на активностите што во моментов ги превзема МИОА, во областа на информатичко-комуникациските технологии. |
Pages
СООПШТЕНИЈА

Скопје, 04 јуни 2018 година
Заменичката на Претседателот на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, учествуваа на денешната тркалезна маса на тема: „Креирање на јавните политики во перспектива на Европската Унија“, во организација на Граѓанската алијанса за транспарентност.

Скопје, 01 јуни 2018 година
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, имаа обраќања на тематскиот форум: „Една година влада – осврт на граѓанските организации кон досегашните постигнувања и идни очекувања“,

Скопје, 29 мај 2018 година
Нацрт Национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година
Министерството за информатичко општество и администрација подготви нацрт Национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година.
Pages