Известување за достава на Годишен план за обуки за административни службеници за 2021 година - НОВО!!! [1]
Скопје, 01 декември 2020 година
- Образец за подготовка на Годишен план за обука за 2021 [2]
- Образец за подготовка на Извештај за реализација на годишен план за обука за 2021 [3]
Министерството за информатичко општество и администрација потсетува на законската обврска од член 58 став еден (1) од Законот за административните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 , 11/18 и од „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19 и 14/20),, за донесување на Годишен план за обуки на административни службеници од страна на органите и институциите од член 3 став 1 од истиот закон, а по претходно добиено мислење од Министерството за информатичко општество и администрација.
Во таа смисла, согласно законските надлежности, Министерството за информатичко општество и администрација донесе Годишна програма за генерички обуки на административните службеници за 2021 година, достапна на следната веб – локација https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/training/gpgo2021.pdf [4] и Годишна програма за обука за административно управување за 2021 година, достапна на следната веб-локација https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/training/gpau2021.pdf [5]
Истовремено, укажуваме на законскиот рок за подготовка на индивидуалните планови за стручно усовршување, прецизиран во членот 2 став 1 од „Правилникот за начинот на спроведување на полугодишното интервју, формата и содржината на извештајот за полугодишно интервју, поблиските критериуми за начинот на оценување на административниот службеник, поблиските критериуми за начинот на оценување на административен службеник во институции со помалку од 20 административни службеници, формата и содржината на обрасците за оценување, формата и содржината на извештајот со ранг листа на годишните оценки, како и содржината на извештаите и начинот на оценување на административните службеници во други околности“ (Службен весник на РСМ“ бр. 63/2018), достапен на следната врб-локација http://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/legislation/pravilnik_za_nacinot_na_sproveduvanje_na_polugovishno_intervju_as.pdf [6], според кој, „Од страна на непосредно претпоставениот административен службеник, односно раководниот административен службеник, односно секретарот или раководното лице на институцијата во која не се назначува секретар, во случаите кога административниот службеник нема непосредно претпоставен административен службеник (во натамошниот текст: претпоставениот), во периодот од 01 до 15 декември, се утврдуваат работните цели и задачи за наредната година, како и индивидуалните планови за стручно усовршување за сите административни службеници со кои раководи.“.
Имајќи го предвид горе наведеното, а заради навремено добивање на мислење од Министерството за информатичко општество и администрација, во законски утврдените рокови, органите, институциите и единиците на локалната самоуправа и Градот Скопје, до Министерството за информатичко општество и администрација треба да ги достават на мислење своите Годишни планови за обуки на административните службеници за 2021 година, најдоцна до 28.12.2020 година, во печатена и во електронска форма.
При подготовка на нацрт – Годишните планови за обука на административните службеници за 2021 година, молиме да се почитуваат одредбите од „Правилникот за содржината и формата на годишен план за обуки на административните службеници и извештајот за негова реализација“ („Службен весник на РСМ“ бр. 142/2014 достапен на следната веб- локација http://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/legislation/pravilnik_za_godisen_plan_za_obuki_sl142_26092014.pdf [7] и нацрт – Годишните планови за обука на административните службеници за 2021 година да ни се достават, во печатена форма до Министерството за информатичко општество и администрација и во електронска форма на следната е-пошта: obuki@mioa.gov.mk [8] , при што, електронската форма да биде во Excel документ, а не скениран или PDF документ.
Заради унифицирана форма на подготовка на нацрт-Годишни планови за обука на административните службеници за 2021 година, молиме да се следи образецот за подготовка на ГПО за 2021 година, кој ви го доставуваме во прилог.
Подвлекуваме дека сите нацрт-Годишни планови за обука на административните службеници за 2021 година, коишто се доставени или ќе бидат доставени пред или по утврдените законски рокови, нема да бидат предмет на разгледување од страна на Министерството за информатичко општество и администрација.
- информации [9]