Oбјавена драфт верзијата на Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции [1]

Скопје, 14 септември 2017 година
Министерството за информатичко општество и администрација објави нацрт верзија на Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции. Министерството ги повикува сите засегнати страни, институции, комори, граѓански организации и заинтересирани граѓани да испратат свои предлози, препораки и коментари на текстот на документот.
Документот Стандарди за квалитет на податоци во системите на државните институции можете да го преземете од порталот е-демократија [2]. Вашите предлози можете да ги испратите јавно со регистрација на корисник на порталот е-демократија [2] или на адреса за електронска пошта e-uslugi@mioa.gov.mk [3], најдоцна до 2-ри октомври (понеделник) 2017 година.
Министерство за информатичко општество и администрација