Министерот Алити присуствуваше на почетокот на реконструкцијата на Универзитетот “Мајка Тереза”

Скопје, 28 ноември 2022

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, денеска присуствуваше на поставувањето на темелите на храмот на знаењето- почетокот на реконструкцијата на зградите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

“Среќен сум што како Влада го реализираме и овозможуваме овој суштински проект за подигнување на квалитетот на образованието, овозможувајќи им на новите генерации услови за студирање што ги заслужуваат за остварување на нивните аспирации.”, рече меѓу другото министерот Алити и продолжи:

“Нашето оружје како „дете на новиот век“ на Милош Ѓерѓ Никола (Миѓени ), е знаењето и образованието, а нашата борба е да сееме надеж на нацијата, преку напредок и развој. Затоа посакувам успешен почеток на овој проект кој е со огромно значење”.