Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) го одржа 14-от состанок на Управниот одбор на министерско ниво

Тирана, 15 ноември 2022

Министри и заменици министри од регионот, задолжени за реформи во јавната администрација во ReSPA: Александар Бајдевски–заменик министер за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија, Милва Економи – државен министер за стандарди на услугите на Република Албанија, Јосип Грубеша-министер за правда на Босна и Херцеговина и Мараш Дукај-министер за јавна администрација на Црна Гора, како и високи претставници на Европската комисија и членови на Управниот одбор на ReSPA, учествуваа на 14-от состанок на Управниот одбор на министерско ниво.

Со спроведување на 62 активности за градење на капацитети за 1346 државни службеници од целиот регион, пет регионални компаративни истражувачки проекти и 21 директна акција за поддршка на своите членки, ReSPA продолжи да ја зајакнува регионалната соработка помеѓу актерите на РЈА, промовира колективно учење и трансфер на знаење и го олеснува остварувањето на аспирациите за европска интеграција на членките преку одржување и поддршка на европските принципи за јавна администрација.

„Оваа година е означена како една од клучните во понатамошната стратешка ориентација на ReSPA. Министрите од членките на ReSPA целосно го поддржаа ReSPA Договорот и мандатот до 2031 година, додека Европската комисија покажа целосна посветеност и поддршка во рамките на претстојниот 5-ти акционен грант на ЕК 2023-2025 година. Денеска исто така се договоривме за содржината на ревидираната стратегија ReSPA 2019-2024. Овие резултати не би можеле да се постигнат без силната поддршка и големата соработка на владините претставници вклучени во раководните структури на ReSPA, работните групи, офицерите за врски, претставниците на ЕУ, бројните експерти ангажирани во различни области, како и исклучителниот тим на ReSPA. “, истакна меѓу другото Маја Ханџиска-Трендафилова, директор на ReSPA.

Традиционално, овој состанок служи за членовите на ReSPA да го предадат и преземат годишното претседавање со ReSPA.

Министерката Милва Економи, претседател на Управниот одбор, му го предаде претседавањето со ReSPA на министерот Јосип Грубеша, со што Босна и Херцеговина стана актуелен претседавач со Регионалната школа за јавна администрација.

На отворената сесија на состанокот се дискутираше за важноста на стратешко трансформирање на човечките ресурси да бидат модерни и привлечни за државните службеници, додека ReSPA ги презентираше резултатите од пилот-анкетите за задоволството на персоналот. Тоа беше, исто така, можност за неформална дискусија на министерско ниво за основната тема за најдобрите практики за управување со човечки ресурси во јавната администрација