Министерот Алити се сретна со преставниците од Агенцијата за супервизија на капитално финансирање на пензиското осигурување
Скопје, 3 ноември 2022
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, денеска се сретна со претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансирање на пензиското осигурување.

На оваа информативна средба се разговараше за актуелните прашања и предизвици, како и за реорганизација на администрацијата и законите кои се во интерес на подобрување на ефикасноста во работата на институциите.
МИОА е целосно подготвено да придонесе за секоја акција што ги прави институциите поефективни, транспарентни и професионални.