Министерот Алити се сретна со амбасадорот на Oбединето Кралство, г. Метју Лосон
Скопје, 6 септември 2022
 

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, денеска се сретна со амбасадорот на Обединето Кралство, во Скопје, со Неговата Екселенција, Метју Лосон.

 
Алити и Лосон разговараа за состојбите во земјата и предизвиците по патот кон членството во ЕУ.
 
 
Министерот Алити го информираше амбасадорот Лосон за напорите на МИОА во процесот на реформите во јавната администрација, како и во дигитализацијата на услугите и процедурите, како суштински елементи во професионалноста и ефикасноста на работата на институциите, па во исто време клучен фактор во процесот на скрининг и предуслов за полноправно членство во ЕУ.
 
Потврдувајќи ги добрите билатерални односи, Алити истакна дека Обединетото Кралство беше и останува посветен партнер во поддршката на политичкиот и економскиот напредок на Северна Македонија и дека досегашната соработка го докажа тоа, затоа изразивме подготвеност да ги испитаме идните можности на соработка.
 
 
 
Алити и Лосон се согласија за средбите да бидат почести, на кои ќе одлучуваме за конкретните чекори на соработката.