Македонски кирилични фонтови
Проектот МАКЕДОНСКИ КИРИЛИЧНИ ФОНТОВИ на Министерството за информатичко општество и администрација содржи 80 оригинални македонски кирилични/латинични фонтови.
Овие фонтови овозможуваат адекватна примена на македонската азбука и македонското кирилично писмо на компјутерите, со кирилични букви усогласени со законските прописи за нивниот изглед. Фонтовите се прилагодени за употреба на оперативните системи кои во моментов најмногу се користат во светот. — Windows, Mac OSX, Ubuntu и Linux.
Основна цел на проектот МАКЕДОНСКИ КИРИЛИЧНИ ФОНТОВИ е да се промовираат и зачуваат основните карактеристики на македонското кирилично писмо како еден од столбовите на државноста, културата и македонскиот идентитет. Оваа надградба на Македонските кирилични фонтови ги содржи следниве промени:
01. Сите фонтови се групирани во фонт фамилии кои ги содржат сите стилови. Во менито за приказ во апликациите се појавува само називот на фонт фамилијата која во подмени ги содржи сите стилови. На овој начин е максимално олеснет пристапот до секој фонт стил кој сакате да го изберете.
02. Изработени се специјални Offc (Офис) верзии од сите фонтови групирани во фонт фамилии прилагодени за употреба во Microsoft Office апликациите. Со користење на кратенките од тастатура или копчињата кои ги имаат овие апликации се менуваат стиловите на фонтот.
Овие Offc фонтови, за разлика од комплетните фамилии содржат 4 основни стилови и тоа: Regular, Regular Italic, Bold и Bold Italic.
Инсталација на фонтовите (упатство)
Преземете ги фонтовите:
Напомена: Препорачуваме пред да ги инсталирате новите верзии да ги ДЕИНСТАЛИРАТЕ старите верзии на фонтовите.