Набавка на централен портал за отворени податоци

Скопје, 07 март 2018 година

Центарот за управување со промени од Скопје, во рамките на проектот „Поддршка на процесот на реформи во јавната администрација“, финансиран од Британската амбасада Скопје, објавува повик за набавка на централен портал за отворени податоци за потребите на Министерството за информатичко општество и администрација.

Изработката на порталот е согласно заложбите на Владата на Република Македонија за максимална транспарентност на работата на државните институции, преку објавување на јавните податоци на институциите во машински обработлив формат.

Понудите се доставуваат во писмена форма во просториите на Центарот за управување со промени, ул. Рајко Жинзифов бр.44/1, Скопје. Крајниот рок за поднесување на понудите е 29.03.2018 година, 12 часот.

Повеќе информации за повикот можете да најдете веб-локацијата на Центарот за управување со промени: http://cup.org.mk/

 

Министерство за информатичко општество и администрација