Министерот Манчевски ќе присуствува на министерската конференција во Париз
Скопје, 12 декември 2017 година
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за финансии Драган Тевдовски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во следните два дена (13-14 декември) во Париз, ќе учествува на СИГМА министерската конференција насловена „Добро деловно јавно управување, сервис за граѓаните и бизнисите“.
Меѓународната конференција, на која ќе учествуваат претставници од 18 партнерски земји е во знакот и на одбележувањето на 25 – годишнината од СИГМА програмата, која што претставува успешно долгорочно партнерство помеѓу Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Европската унија, кои се и организатори на истата.
СИГМА- програмата која е фокусирана на јакнењето на јавниот менаџмент соработува со земјите кандидати за членство во ЕУ и потенцијалните кандидати, како и со европските соседски земји.
Главна тема на состанокот каде што излагање ќе има министерот Манчевски е вклучувањето на граѓаните во креирањето на владините реформи.
Министерство за информатичко општество и администрација