Соопштение
Скопје, 30 октомври 2017 година
Министерството за информатичко општество и администрација во прилог ги објавува коментарите и правното мислење на Организација за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), на Предлог-Законот за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Забелешките се однесуваат на драфт верзијата што е објавена на веб страната на МИОА.
ОБСЕ во пропратното писмо ги поздрави заложбите на Владата и на МИОА, за подготовка на Предлог-Закон за именување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ОБСЕ го поздравува и активниот ангажман на Здруженијата на новинарите, невладините организации и организациите на граѓанското општество во јавните консултации во врска со Нацрт-законот. Според нив од особено значење е процесот да биде транспарентен и отворен за придонес од сите засегнати страни до неговото финализирање.
Во прилог се коментарите на англиски јазик и преводот на македонски јазик.
Министерство за информатичко општество и администрација



