ANNOUNCEMENTS

Скопје, 7 февруари 2020
Република Северна Македонија станува една од првите земји во светот, каде целото население добива можност за електронски идентитет. Денеска во Владата на Република Северна Македонија беше потпишан меморандум за разбирање со „Мастеркард“, од страна на министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, министерката за финансии Нина Ангеловска и менаџерот на „Мастеркард“ за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово, Вања Манова. На потпишувањето присуствуваше и Чарлс Волтон, заменик претседател на „Мастеркард“ за дигитален идентитет.

Куманово, 06 февруари 2020
Во Куманово денеска се одржа третата јавна трибина на тема „Дигитализација на јавните услуги“, на која се зборуваше за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација.
На трибината се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

Скопје, 06 февруари 2020
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на Синдикатот на работниците од управата, Пецо Грујовски денес го потпишаа Гранскиот колективен договор со кој ќе се регулираат и унапредат правата од работен однос на вработените во државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, локалната самоуправа, агенциите, фондовите и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија.






















