Министерот Манчевски на средба со еврокомесарката Габриел

Софија, 02 февруари 2018 година

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, денеска е во работна посета на Софија, Бугарија. Во рамки на посетата ќе оствари средба со еврокомесарката Мариа Габриел. На состанокот помеѓу другото, ќе се разговара и за престојниот Дигитален Самит што ќе се одржи во Скопје, на 18ти и 19ти април, оваа година.

 

Поддршката од Бугарија како земја која претседава со Европската Унија, е од особено значење за Македонија.

 

Министерство за информатичко општество и администрација