Панел дискусија на тема: Сајбер безбедност

Скопје, 13 ноември 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, ќе учествуваат на панел дискусија на тема: Политики за сајбер безбедност - транспонирање на Директивата 2016/ 1148 на ЕУ, за обезбедување на високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи.

 

Настанот ќе се одржи на 13-ти ноември 2017 година, од 11:00 часот во Клуб на пратениците во Скопје.

 

На јавната дискусија свое излагање ќе имаат и претставник на Министерството за внатрешни работи од секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и претставник од Агенцијата за електронски комуникации.

 

Покрај најавените говорници на дискусијата ќе бидат присутни претставници од државни и приватни институции како што се Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Агенцијата за цивилно воздухопловство, ЈП за државни патишта, ИКТ комора при Сојуз на стопански комори, Народна Банка на РМ, МЕПСО, ЕВН, Македонски телеком, претставници од банките, Светска Банка, претставници од академската заедница, граѓанското општество и заинтересирани граѓани.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација