ПОКАНА

Скопје, 06 ноември 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за одбрана, Ве покануваат на јавна дискусија на тема: Политики за сајбер безбедност - транспонирање на Директивата 2016/ 1148 на ЕУ, за обезбедување на високо ниво на безбедност на мрежи и информациски системи.

Настанот ќе се одржи на 13-ти ноември 2017 година, од 11:00 часот во Клуб на пратениците во Скопје.

 

Со цел успешна и конструктивна дискусија, МИОА ги објави потребните документи од оваа област, на својата веб страна. Сите потребни информации можете да ги најдете на следниот линк: http://mioa.gov.mk/?q=node/4466

 

Ви благодариме на интересот,

Министерка за одбрана Радмила Шеќеринска и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

 

 

Министерство за информатичко општество и администрација