Сподели:

ЗАМЕНИК МИНИСТЕР
Заменик министер за информатичко општество и администрација

Александар Бајдевски стапува на функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација на 22 јуни 2017 година.

Од 2011 година работи во Министерството за информатичко општество и администрација во секторот за финансиски прашања. Помеѓу 2008 и 2010 година работел во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија. Во периодот од 2005 и 2006 година работи како Соработник во канцеларијата на тогашниот претседател на Владата на Република Македонија.

Од 2000 до 2005 е советник во Советот на општина Кисела Вода.

Тој исто така е Заменик член на комитетот за буџет на Регионална школа за администрација-РеСПА, Даниловград.

Г-дин Бајдевски дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Финансиско сметководствен менаџмент.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form