Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Скопје, 23 март 2020

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Скопје, 20 март 2020

Придобивките од процесот на Отворено владино партнерство подразбира преку здруженост и взаемен дијалог да се работи на ко-создавање и спроведување на реформите што ги доближуваат владите до своите луѓе во процесот на транспарентност, отчетност и одговорност.

Скопје, 17 март 2020

Салата „Една точка за услуги“ (поранешна Комерцијална Банка), ќе работи со скратено работно време. Сите шалтери ќе работат од 08.30 до 16.30 часот. Оваа одлука стапува на сила од 18ти март, а е во согласност со мерките на Владата на Република Северна Македонија, за намалување на можноста и превенција од ширење на Корона вирусот.

Скопје, 12 март 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно последните насоки и вонредни мерки од Владата на Република Северна Македонија, апелира до сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид на консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.

Скопје, 9 март 2020

На денешната прес конференција на Конфедерација на слободни синдикати, повторно беа изложени обвинувања, кои покажуваат дека КСС и покрај нивната вклученост преку состаноци и консултации во креирањето на политиките на Министерството за информатичко општество и администрација, голем дел од процесите не ги разбира.

Скопје, 9 март 2020

На Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, денеска почна меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac - 2020“. Оваа година, 15-тина студенти од Северна Македонија и други држави, во наредните пет дена, ќе се натпреваруваат во облста на роботиката и вештачката интелигенција.

Скопје, 05 март 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, на денешната прес конференција ги претставија услугите кои во моментов електоронски се нудат на порталот uslugi.gov.mk.

Заменичката министерка Шкријељ се осврна на важноста од дигитализацијата при нудење на услуги, особено во институција како што е МТСП, сервисно ориентирана кон граѓаните.

Скопје, 05 март 2020

Почитувани претставници на организации на граѓанското општество,

Ве известуваме дека започнува процесот на подготовка на петтиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2020-2022 (НАП 5).

 

Скопје, 02 март 2020

„Северна Македонија продолжува да бележи прогрес во реформата на јавната администрација“. Вака, Европската Комисија го започнува делот посветен на јавната админстрација во последниот извештај.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form