Сподели:

СООПШТЕНИЈА

Почитувани,

Од денеска сите дозволи во услови на ограничено движење коишто ги издава Министерството за информатичко општество и администрација се достапни на порталот за електронски услуги, uslugi.gov.mk

Сега барањето на дозвола може едноставно и со некоку клика по електронски пат да се достави заедно со сите потребни пропратни документи.

За добивање на дозвола за

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Скопје, 07 април 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска потпишаа договор со директорот на Македонски Телеком Никола Љушев,  за донација на мобилен интернет за далечинско учење за 30.000 основци и средношколци од семејства со социјален ризик, кои ќе добијат 10 GB интернет месечно.

Скопје, 03 април 2020

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, потпиша договор за пристапување на Северна Македонија, кон програмата за дигитална администрација-ИСА2 на Европската Унија, со комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.

Станува збор за централна програма на Европската Унија која поддржува активности за развој на ИКТ во јавната администрација, давање електронски услуги, и генерално дигитализација во јавниот сектор.

Скопје, 31 март 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, вчера го објави Извештајот на вработени во јавниот сектор за 2019-та година. Извештајот покажува зголемување на бројот на вработени за 832 лица, односно за 0,6%, споредено со 2018-та година.

Бројка, што ДПМНЕ не може да ја прифати затоа што не одговара на нивните лажни проекции и дезинформации за илјадници нови вработени, кои изминатиот период ги пласираа во јавноста.

Скопје, 30 март 2020

Министерството за информатичко општество и администрација, согласно законската обврска го објавуваа Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2019-та година.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2019-та година во изнесува 132.900.

Вработените се распределени во 1.324 институции.

Скопје, 28 март 2020

Владата на Република Северна Македонија и Министерството за информатичко општество и администрација, најодговорно тврдат дека во нашата држава нема пуштено во употреба 5Г мрежа. Дополнително, ги информираме граѓаните дека надлежните институции немаат спроведено постапка за доделување на фрекфенции за 5Г мрежа. Од тука сите грижи за ефектите од 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните се неосновани.

Скопје, 23 март 2020

Согласно последните насоки на Владата на Република Северна Македонија, ја известуваме јавноста дека Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да издава дозволи за движење за време на траење на забраната за движење.

Скопје, 20 март 2020

Придобивките од процесот на Отворено владино партнерство подразбира преку здруженост и взаемен дијалог да се работи на ко-создавање и спроведување на реформите што ги доближуваат владите до своите луѓе во процесот на транспарентност, отчетност и одговорност.

Pages

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form