Сподели:

ПОВИК до сите ИКТ компании од Република Северна Македонија

Скопје, 11 март 2019 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со четирите стопански комори формираше работна група со задача да ги дефинира критериумите и изврши избор на најдобра ИКТ компанија од Република Северна Македонија. Целта на повикот е да се избере најдобрата ИКТ компанија која ќе има 15 минутна презентација на Дигиталниот самит кој ќе се одржи на 4 и 5 април 2019 година во Белград.
 
Компаниите кои сакаат да аплицираат на повикот треба да ги задоволат следниве критериуми:

-Најмалку 51% македонски капитал

-Проекти кои ги имаат имплементира-но/ат во РСМ и референци

-Проекти кои ги имаат имплементира-но/ат во регионот на WB6 и референци

-Предлог презентер, референци за презентерот и што ќе презентира (table of content на презентацијата)

-Како државата ќе се промовира во регионот преку презентација на вашите проекти?
 

Апликацијата треба да содржи еден документ со максимум 1000 зборови, не вклучувајќи ги референците, испратени на маил: nikola.nikolov@mioa.gov.mk.

Рок за пријавување: 15 март 2019 година, до 11:59 часот.

Министерство за информатичко општество и администрација

 

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form