Сподели:

Реакција на соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Скопје, 8 февруари 2019 година

Ставот на Министерството за информатичко општество и администрација во однос на соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е следниот:

До Министерството за информатичко општество и администрација пристигна допис од АВМУ, на којшто денеска е веќе одговорено. Како што е наведено во одговорот на дописот, во буџетот на МИОА има одобрено 1.200.000.000 денари за финасирање на МРТ, ЈП МРД и ААВМУ.

Како што раководството на ААВМУ е запознаено, Законот за изменување и дополнување на ЗААВМУ со којшто се зголеми процент на потребните средства за финансирање, влезе во сила на 8-ми јануари, иако беше доставен во Собранието, скоро година претходно, односно во февруари 2018 година. Причините за ова одложување беа од политичка природа и се добро познати за раководството на АВМУ.

Ова значи дека измените на Законот со кои се предвидува зголемување на процентот, стапија во сила по усвојување на Буџетот за 2019-та година, односно пет месеци по доставување на буџетските циркулари, кои се доставуваат во август.

Сепак, со оглед на тоа што се работи за износ на средства утврден на годишно ниво, како и потребата од доследно почитување на буџетските правила и принципи во однос на распределбата на истите до корисниците на средтсвата од буџетот истите ќе бидат усогласени и за 2019 година.

Што се однесува на повикот за средба со министерот за информатичко општество и администрација, како и во изминатиот период на консултации околу Законот за АВМУ и реформите во медиумската сфера, министерот Манчевски одговара позитивно.

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form