Сподели:

Учество на министрите Манчевски и Поповски на дебатата „Перспективите на истражувачкото новинарство“

Скопје, 24 јануари 2019 година

Ве известуваме дека министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски ќе учествуваат и ќе се обратат на дебатата: „Перспективите на истражувачкото новинарство“, која ќе се одржи денеска, 24 јануари 2019 година (четврток), во хотелот „Холидеј Ин“, сала Милениум 2, од 10.00 до 13.00 часот.
Дебатата, организирана од Центарот за граѓански комуникации, БИРН и НВО Инфоцентар ќе опфати две панел дискусии. Првата, со фокус на прашањето „Дали зголемениот број на истражувачки стории во медиумите е долгорочен тренд или само краткотрајна промена?“ и втората со наслов „Дали базите на отворени податоци придонесуваат кон подобрување на истражувачкото новинарство?“.

 

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form