Сподели:

Национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година

Скопје, 29 мај 2018 година

Нацрт Национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година

Министерството за информатичко општество и администрација подготви нацрт Национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година. Акцискиот план вклучува широк спектар на активности кои Владата ќе ги преземе во наредните две години, со цел да се зајакнат, продлабочат и прошират напорите за унапредување на транспарентноста на власта, подобрување на ефективноста на институционалните механизми за пристап до информации, фискална транспарентност, управувањето со податоците и чувањето регистри во државните и во јавните институции како и зголемување на стандардите за интегритет и поголем пристап до технологија за сите граѓани.

Во создавањето на овој акциски план централно место имаат консултациите во и надвор од Владата, вклучувајќи и широки консултации со министерствата и други органи на државната управа, како и консултација со општата јавност и граѓанските организации. Во февруари 2018 година беше објавено Известување за почеток на процесот за подготовка на четвртиот национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 на веб страната на Министерството за информатичко општество и администрација заедно со Временската рамка за изготвување на Акцискиот план за отворено владино партнерство 2018-2020, со што и официјално отпочна процесот на подготовка на четвртиот национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година.

Со цел да се согледа информираноста на засегнатите страни за оваа иницијатива и нивната заинтересираност за учество во подготовка на новиот акциски план, беше изработен и дистрибуиран Прашалник за проценка на потребите за подготовка на новиот Национален Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020. Спроведени беа и четири тематски состаноци со цел да се информира за остварениот прогрес и да се приберат предлог мерки и активности кои потенцијално можат да се вклучат во новиот акциски план.

На 08-09 мај 2018 година се одржа прв јавен настан: ,,Отворено  владино  партнерство дијалог  со  граѓанските  организации  за Националниот акциски план 2018-2020". Во текот на конференцијата во три работни групи фасилитирани од претставници од невладините организации беа анализирани, дискутирани и приоретизирани предлог заложбите доставени до МИОА и се овозможи дискусија за дополнителни заложби за четвртиот акциски план. Исто така, се одржаа и консултативни средби со граѓански организации на локално ниво.

Во периодот од 10 до 29 мај 2018 година се спроведе процесот на дефинирање на предлог мерките за првата нацрт верзија на Акцискиот план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година. Притоа се одржаа тематски работни состаноци помеѓу претставниците на владините институции и граѓанските организации со цел приоретизирање и додефинирање на предлог заложбите.

МИОА ги повикува сите засегнати страни, институции, невладини организации и заинтересирани граѓани да испратат свои предлози, препораки и коментари на нацрт Националниот Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година. Вашите коментари и предлози можете да ги доставите најдоцна до 25.06.2018 година на следниов e-mail: marina.shaf@mioa.gov.mk.

Нацрт Национален Акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020 година

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form