Сподели:

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

Скопје, 6 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Едукацијата и пренесувањето на позитивни примери од Франција во работењето на администрацијата беше една од темите за кои се разговараше на средбата.

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

Министерот Манчевски ја претстави идејата за повторно воведување на обуки за француски јазик за вработените во јавната администрација, што наиде на силна поддршка од амбасадата на Франција. Амбасадорот Тимоние ги поздрави реформите и заложбите на владата за деполитизација на јавната администрација.

На средбата беше најавено интензивирање на комуникацијата на МИОА со Француската амбасада во наредниот период.

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

 

Министерство за информатичко општество и администрација

МИНИСТЕР

Министер за информатичко општество и администрација

Search form