Министерот Дамјан Манчевски присуствуваше на промоцијата на новата инвестиција на InPlayer

Скопје, 24 јули 2017 година

Македонско-британската компанија InPlayer денеска ја промовираше новата инвестиција со која ќе го прошири својот тим во Скопје, со што ќе придонесе за подобро претставување на светскиот пазар. На настанот присуствуваше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Во врска со доставеното барање за пристап до информации од јавен карактер на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:

Скопје, 24 јули 2017 година

Владата на Република Македонија, во духот на преземените обврски за транспарентно и отчетно работење, со должна одговорност и прецизно, ќе одговори на прашањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за тоа колку нови вработувања, по сите основи доставени во барањето, има во државните институции во периодот почетокот на работата на новата влада.

Министерот Манчевски во работна посета на Тирана, Албанија

Тирана, 20 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска е во работна посета на Тирана, Република Албанија. За време на посетата министерот Манчевски оствари средба со генералната директорка на Националната агенција за информатичко општество Линда Карцанај и со министерката за иновации и јавна администрација Милена Харито. Министерот Манчевски го посети и Националниот регистар на граѓани.

Средба на заменик министерот Александар Бајдевски и претседателот на СУТКОЗ, Дарко Димовски

Скопје, 17 јули 2017 година

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски денеска оствари средба со претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Дарко Димовски.

Јавна дискусија на тема: „Реформи во медиумскиот сектор“

Скопје, 14 јули 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација организираше јавна дискусија на тема: „Реформи во медиумскиот сектор“. На јавната дискусија свое обраќање имаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

Потпишување на меморандум МИОА-ИДЕАС ДеПо

Скопје, 13 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски потпиша меморандум за разбирање со извршниот директор на „ИДЕАС ДеПо“ , Александар Шахов. Меморандумот се однесува на реализација на активности во областа на инспекциското работење. Заедничката соработка е дел од проектот „Модернизација на инспекциските служби“, финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Прес конференција на министерот Дамјан Манчевски и претседателот на ИКТ комората Огненовски

Скопје, 12 јули 2017 година

Mинистерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на ИКТ комората Саша Огненовски, одржаа прес конференција посветeна на економските мерки за развој на ИТ секторот.

 

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ

Скопје, 12 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска Данијела Баришиќ.

 

Спроведена обука за Проценка на влијанието на регулативата

Скопје, 10 јули 2017 година

Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Централниот регистар на РМ, во рамки на активностите на Проектот за унапредување на процесот на Проценка на влијанието на регулативата (ПВР), организираа обуки за Проценка на влијанието на регулативата со поддршка од Норвешки експерти од Централниот регистар на Норвешка.

Средба на министерот Дамјан Манчевски со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние

Скопје, 06 јули 2017 година

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристијан Тимоние.

 

Едукацијата и пренесувањето на позитивни примери од Франција во работењето на администрацијата беше една од темите за кои се разговараше на средбата.

Министерот Дамјан Манчевски оствари средба со Марко Мантованели, директор на Светска Банка за Македонија и Косово

Скопје, 5 јули 2017 година

 

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска одржа средба со Марко Мантованели, директор за Македонија и Косово при Светска Банка.

 

Syndicate content