Обраќање на министерот Ивановски на Втората меѓународна регулаторна конференција 2012
Скопје, 17 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 17 мај 2012 година, по повод Светскиот ден на информатичкото општество ќе се обрати на Втората меѓународна регулаторна конференција 2012 организирана од Агенцијата за електронски комуникации.

Доделена Светската награда за телекомуникации и информатичко општество

Женева, 16 Mај 2012  

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, со почеток во 11часот, присуствуваше на доделувањето на Светската награда за телекомуникации и информатичко општество.

„Жените и девојките во информатичко – комуникациските технологии (ИКТ)” - Дијалог на високо ниво број 3

Женева, 16 Mај 2012  

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, со почеток во 14часот, во Женева, во рамките на Светскиот Самит за информатичко општество, Форум 2012, со свое обраќање ќе земе учество на Дијалогот на високо ниво број 3: „Жените и девојките во информатичко – комуникациските технологии (ИКТ)”.

Презентација на одржаниот „Ден на девојките во ИКТ” во Македонија

Женева, 16 Mај 2012  

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, денес, со почеток во 16часот, во Женева, во рамките на Светскиот Самит за информатичко општество, Форум 2012, ќе го презентира видео материјалот по повод одржаниот „Ден на девојките во ИКТ” во Македонија.

Е-потсетник, нов проект на МИОА за известување на граѓаните од институциите

Скопје, 16 мај 2012

Преку електронска пошта или СМС граѓаните најдоцна за шест месеци ќе имаат можност да добијат потсетување за достасување на обврската за вршење одредена административна услуга од пет институции, предвидува проектот „Е-потсетник“ на Министерството за информатичко општество и администрација.

Интервју на министерот Иво Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество во Женева

Женева, 14 мај 2012

МВР ја промовираше новата апликација „Пази радар“
Скопје, 09 мај 2012

Министерството за внатрешни работи во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација изработи апликација „Пази радар“ наменета за сите граѓани кои користат т.н. паметни телефони (Android i iPhone)

Оглас за селекција на 12 идни обучувачи во областа на законодавството и изработка на прописите

 

Министерството за информатичко општество и администрација и Мисијата на ОБСЕ во Скопје во текот на 2012 година го спроведуваат проектот насловен како „Изготвување на прописи и ex-post евалуација на законодавството.“ Преку првата компонента од проектот ќе  се спроведе нов циклус на обуки наменет за државните службеници, чија главна цел е јакнење на капацитетите на администрацијата во областа на создавањето, спроведувањето и евалуацијата на законодавството.

Важноста на македонските медиуми во зголемување на јавната свест
Скопје, 8 мај 2012

На 8-ми мај, во CитиХолЦентар во Скопје, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Проектот за унапредување на инвестирањето и извозот, финансиран од УСАИД, организираа работна средба на тема „Важноста на македонските медиуми во зголемување на јавната свест за јавно - приватниот дијалог, индустриската политика и промовирање на извозот“.

НОКИА отвора центар за развој на мобилни апликации во Македонија

Скопје, 04 мај 2012

 

Денес 4 мај 2012, министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски во рамки на официјалната посета на Хелсинки, Финска оствари средба со претставници од компанијата Нокиа.

 

Syndicate content